Ирачката армија денеска соопшти дека нејзините противвоздушни сили пресретнале и собориле две беспилотни летала во воената база Аин ал-Асад, каде се наоѓаат американските трупи.
Војската соопшти дека беспилотните летала биле соборени ноќеска, половина час по полноќ по локално време.
Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот.
Пред еден месец, со беспилотно летало беше нападната базата Аин ал Асад, но не предизвика штета.