Ирачкиот суд денеска осуди двајца Французи на смрт откако утврди дека се припадници на Исламска држава, изјави ирачки обвинител.
– Имаше доволно докази за смртната казна. Двајцата се борци на терористичката Исламска држава, изјави обвинителот за странските агенции, барајќи анонимност.
Во Ирак се водат постапки против илјадници лица осомничени дека припаѓаат на ИС, вклучувајќи и стотици странци.