Ирачката Kомисија за човекови права денеска соопшти дека 120 лица се повредени во судирите со безбедносните сили и демонстрантите на југот на земјата.
Високиот ирачки Комитет за човекови права соопшти дека безбедносните сили испукале солзавец и користеле боева муниција за да растераат стотици демонстранти во близина на пристаништето Ум Каср во Персискиот залив.
Комисијата соопшти дека голем дел од повредените се хоспитализирани.
Десетици илјади Ирачани протестираат, главно во главниот град Багдад и јужните региони, од минатиот месец, барајќи измени во политичкиот систем воспоставен по инвазијата од 2003 на САД, и според нив има раширена корупција, висока невработеност и лоши јавни услуги.
Безбедносните сили убија досега десетици демонстранти во судирите.