Ирачка воена воздухопловна база, во која се сместени американски трупи, рано утрово беше нападната од беспилотно летало при што е предизвикана само мала штета, но нема жртви, соопштија ирачката армија и коалицијата предводена од САД.
Во нападот е оштетен хангар, објави портпаролот на коалицијата полковник Вејн Марото на Твитер и додаде дека истрагата е во тек.
Засега никој не презеде одговорност за нападот. САД ги обвинија групите милиции поддржани од Иран за претходните претежно ракетни напади, насочени кон американските трупи во Багдад и воените бази низ Ирак.