Ирачкиот министер за надворешни работи Мохамед Али Алхаким денеска понуди Ирак да биде посредник меѓу Иран и САД, во услови на зголемени тензии меѓу двете земји, и рече дека Багдад ќе работат за да дојде до задоволително решение.
-Се обидуваме да помогне и да бидеме посредници, изјави Алхаким на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Иран Мохамед Џавад Зариф во Багдад.
Алхаким, осврнувајќи се на санкции на САД, изјави дека не верува оти „економската блокада” е плодотворна и објасни дека Ирак е против едностраните чекори на Вашингтон.
Во последните недели, тензиите меѓу Вашингтон и Техеран доведоа до тоа САД да испратат носач на авиони и бомбардери Б-52 во Персискиот Залив, поради закана од Иран.
САД, кои имаат 600 војници на Блискиот Исток, планираат да испратат уште 900.
Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф, кој е во посета на Багдад, претходно изјави дека Техеран силно ќе се брани од каква било воена или економска агресија и ги повика европските држави да сторат повеќе за зачувување на нуклеарниот договор со Иран.
Според Зариф, неговата земја сака да изгради балансиран однос со заливските арапски соседи и предложи да се формира сојуз за ненапаѓање со нив