Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска обвини одредени актери во Соединетите Американски Држави дека во јавниот дискурс повикуваат на насилство, па дури и на убиство на иранските преговарачи доколку преговорите пропаднат.

Багеи, во објава на социјалната мрежа „Икс“, изјави дека додека американските официјални лица го обвинуваат Иран за недостиг на „добра волја“, делови од американскиот политички и медиумски простор отворено препорачуваат елиминација на преговарачите.

„Зарем ова не е политички дискурс што нормализира уцена преку закани или јавно поттикнување терор и насилство?“, запраша Багеи.

Тој оцени дека ваквото јавно поттикнување на, како што го нарече, „државен тероризам“, мора да биде осудено од сите релевантни странски актери. Оваа реакција доаѓа во критичен момент на дипломатските напори за стабилизација на односите меѓу двете земји. (МИА)