Во Техеран денеска повторно се отворени продавниците и многу бизниси продолжија со работа, откако властите олеснија некои од воведените мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Сепак, како што пренесува германската агенција ДПА, животот во главниот град на Иран допрва треба да се врати во нормала. Повеќето продавници во северен Техеран и центарот на градот се празни бидејќи граѓаните избраа да останат дома и да го чуваат здравјето.

 

Повеќето граѓани ги слушаа повиците на владата за почитување на физичката дистанца, вклучително и во јавниот превоз.

Повеќето граѓани кои се осмелија да излезат надвор носеа заштитни маски и ракавици.

Повеќе од 5000 луѓе починаа од новиот коронавирус во Иран, покажуваат денеска објавените податоци.