Русија и Иран можно е наскоро да организираат заеднички вежби на морнариците во Ормутскиот теснец, изјави денеска командантот на иранската морнарица Хосеин Ханзади.
-Се очекува наскоро да оддржиме заеднички руско-ирански поморски вежби во Индискиот океан. Вежбата може да се оддржи и во северниот дел на Индискиот океан, вклучувајќи го Ормутскиот теснец, рече Ханзади за иранската агенција ИРНА.
Тој додаде дека и Русија и Иран разговараат и за засилување на одбранбената соработка во Каспиското езеро.
Адмирал Ханзади вчера присуствуваше на парадата на руската Воена морнарица во Санкт Петербург.