Во самоубиствен напад врз автобус со припадници на иранската Револуционерна гарда, загинаа најмалку 20 лица, а уште толку се повредени.
Нападот бил извршен во југоисточниот дел од земјата, во провинцијата Систан и Балучистан.
Во тој дел на Иран, кој е на важна рута за криумчарење на опиум, повремено доаѓа до судири на иранските сили со балучистански сепаратисти.