Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан изјави дека нападите врз Израел и неговите интереси изведени од страна на „Оската на отпорот“ ќе престанат ако заврши војната против Хамас во Газа, предупредувајќи дека конфликтот може да ги зголеми тензиите на Блискиот Исток.
„Ставањето крај на геноцидот во Газа ќе доведе до крај на воените акции и кризи во регионот“, оцени Хосеин Амир-Абдолахиан на Светскиот економски форум во Давос.
„Безбедноста на Црвеното Море е поврзана со случувањата во Газа и сите ќе страдаат ако злосторствата на Израел во Газа не престанат. Сите фронтови ќе останат активни. порача шефот на иранската дипломатија.