Иранската Влада денеска ги отфрли обвинувањата дека се обидела да го прикрие фактот дека Војската случајно го урнала украинскиот авион во близина на Техеран, при што загинаа 176 патници и членови на екипажот.
Портпаролот на иранската влада Али Рабии изјави на прес-конференција дека „тоа не е случај“ и дека владата дури во петокот била известена дека е соборен е „Боинг 737-800“, пренесе Си-Ен-Ен.
– Можам со сигурност да кажам дека претседателот (Хасан Рохани), како шеф на Врховниот совет за национална безбедност, не знаеше за тоа до петок попладне, рече портпаролот на иранската влада.
Иран во саботата објави дека армијата на таа земја „ненамерно го урнала“ украинскиот патнички авион, образложувајќи дека станува збор за човечка грешка.
Во соопштението од иранската војска се вели дека по грешка е оценето дека авионот е „непријателска цел“ затоа што леталото свртело кон „чувствителниот воен центар“ на Револуционерната гарда.