Иранската армија тестираше нова наведувачка ракета со дострел до 300 километри, соопшти денеска новинската агенција ИСНА, повикувајќи се на командантот на иранските копнени сили, Киомарс Хејдари.
„Армиска ракетна единица на Копнената армија тестираше паметна ракета со среден дострел за да ја процени нејзината точност и сила, рече генерал Хејдари.
Според него, новата ракета е опремена со „прецизни, разузнавачки и автоматски можности и е подготвена да ги брани границите на Иран во различни временски услови“.
Иран развива своја ракетна програма од 90-тите години на минатиот век. Земјата направи одреден напредок во развојот на балистички ракети. Сепак, Техеран одбива да преговара за какво било ограничување на неговиот ракетен сектор, велејќи дека другите земји во регионот веќе имаат ракети од слична класа, според руската агенција.