Иран во последните три месеци повеќе од тројно ги зголеми резервите на збогатен ураниум и сега на залиха има над еден тој, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Во соопштението на МААЕ се наведува дека се идентификувани три локации на кои е можно Иран да складира непријавен нуклеарен материјал или на кои се извршуваат нуклеарни активности кои не се пријавени кај меѓународните набљудувачи.
За овие прашања Агенцијата побарала објаснување од Иран, но не добила одговор. МААЕ посочи дека Техеран, во писмо од 28 јануари информирал дека „Иран нема да признае ниту едно тврдење за минатите активности и оти не се чувствува обврзан да одговори на таквите наводи“