Иранската Револуционерна гарда уапси едно лице, кое на интернет објави снимка од ударот на ракетата во украинскиот патнички авион во Ирак минатата недела, јави полуофицијалната агенција Фарс.
Агенцијата објави дека резултатите од истрагата ќе бидат претставени на јавноста, но не наведе повеќе детали.
Револуционерната гарда ја презеде одговорноста за соборувањето на авионот при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.