Иранските власти денеска го забранија извозот на прехранбени производи во услови на војна, објави иранска новинска агенција.
„Извозот на сите прехранбени и земјоделски производи е забранет до натамошно известување. Владата дава приоритет на снабдувањето на населението со основни производи“, наведува агенцијата поврзана со Исламската револуционерна гарда.
Иранските власти воведоа план за дејствување при вонредна состојба во саботата – првиот ден од војната, која започна со американски и израелски напади врз земјата.
МИА




