Иранската морнарица од март ќе распореди воени бродови во западниот дел на Атлантскиот Oкеан, изјави денеска еден главниот командант на морнарицата.
Исламската Република настојува да го зголеми оперативниот опсег на своите морнарички сили до „дворот“ на својот архи-непријател, Соединетите Американски Држави.
Присуството на американските носачи на авиони во Персискиот залив е безбедносен проблем за Иран, чија морнарица се обидува да се спротивстави на тоа испраќајќи бродови со иранско знаме во близина на американски води.
Заменик командантот на иранската морнарица контра-адмиралот Тураџ Хасани изјави дека флотилата ќе тргне кон Атлантикот на почетокот на иранската Нова година, која се паѓа во март, и дека за до целта можеби ќе и бидат потребни пет месеци.