Ирански командоси зазедоа товарен брод „поврзан со Израел“ во близина на Ормутскиот теснец

/ 13.04.2024

Припадници на специјалните сили на Иранската револуционерна гарда заплениле товарен брод во близина на Ормутскиот теснец откако слетале на него од хеликоптер, потврдија денеска иранските државни медиуми.

Агенцијата ИРНА наведе дека бродот MSC Aries е „поврзан со Израел“ и дека специјалните сили го водат кон иранските територијални води.

Хеликоптер на иранската морнарица слетал на бродот под португалско знаме и иранските специјални сили го зазедоа, додаде ИРНА.

Претходно агенцијата АП објави видео на кое се гледа како специјалните сили го напаѓаат бродот од хеликоптер.

Инцидентот се случил во време на зголемени тензии меѓу Иран и Западот, особено по наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија.


Од истата категорија