Иранскиот министер за одбрана Амир Хатами денеска изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп ја претвори американската администрација во терористичка влада.

– Користевме ракети со краток дострел… Се надевам дека тоа ќе биде лекција за паметење за Америка, истакна Хатами за иранската државна телевизија, алудирајќи на иранскиот ракетен напад врз две бази во Ирак, што ги користат американските војници.

Тој предупреди дека одговорот на Иран на евентуална одмазда на САД ќе биде „пропорционална на тоа што Америка ќе го направи“.

Иран истрела повеќе од 22 балистички проектили врз две американски воени бази во Ирак, а иранската Револуционерна гарда презеде одговорност за напад истакнувајќи дека нападите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани“.

Нападот се случи само неколку часа откако беше погребан Сулејмани, кој беше убиен во воздушен напад на САД во Багдад.

Пентагон потврди дека ракетите се лансирани од територијата на Иран при што се погодени базите Ал Асад и Ирбил, при што загинаа околу 80 американски војници.