Кабинетот на иранскиот претседател Хасан Рохани потврди денеска дека министерот за надворешени работи, Мохамад Џавад Зариф поднел оставка, но нагласи дека нема да биде прифатена.
-Зариф ја извршува работата смело и ќе продолжи тоа да го прави, соопшти претседателскиот Кабинет на Инстаграм.
– Зариф нема да биде сам и сите ние (владата) ќе го поддржиме, се додава во објавата.
Зариф неочекувано синоќа на Инстаграм објави дека се повлекува од министерската функција. Аналитичари во Техеран сметаат дека Рохани не е во состојба да го замени Зариф со човек со истата величина и авторитет.