Иранските добитнички на Нобелова награда за мир, Наргес Мохмади и Ширин Ебади денеска упатија апел за запирање на војната помеѓу Израел и Иран.
– Запрете ја војната и изберете дијалог наместо уништување. Оваа војна, започната од Израел со кршење на меѓународното право, предизвикува огромно страдање и се заканува да разгори поширок регионален и глобален конфликт. Цивилите, вклучувајќи жени и деца, се убиени, се наведува во заедничката изјава на Мохмади и Ебади на англиски јазик.
Ебади во 2003 година ја доби Нобеловата награда за мир поради нејзините напори за одбрана на демократијата и правата на жените, децата и бегалците. Таа живее во егзил во Велика Британија.
Мохамади минатата година ја доби Нобеловата награда за мир за нејзината борба против репресијата на жените во Иран и против смртната казна во Иран. Таа издржува казна во затворот Евин во Техеран.
МИА