Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека иранските приходи од нафта во последните осум години се намалени од 120 милијарди на 20 милијарди долари, пренесе Анадолија.

Според иранската агенција ИРНА, Рохани во говор во Техеран кажа дека неговата земја се соочува со строги санкции.

-Се соочуваме со економски санкции што ретко се гледаат во светската историја. Иако нашите приходи од нафта во 2011 година беа 120 милијарди долари, минатата година се спуштија на околу 20 милијарди долари. Ова јасно покажува колку е тешко во нашето општество, рече иранскиот претседател.

Тој, исто така, рече дека е потребно сите да се посветат на домашното производство.

Американско-иранските односи се влошија во 2015 година откако Доналд Трамп донесе одлука да ги повлече САД од Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и да ги обнови санкциите за Техеран.

Тензиите во американско-иранските односи ескалираа во јануари со американскиот воздушен напад во Багдад во кој беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани. Иран одговори со ракетни напади врз две американски бази во Ирак.