Ако посебно ранливите држави како Авганистан и Сирија итно не добијат неопходна финансиска и хуманитарна помош за борба со Ковид-19, со тој вирус може да бидат заразени меѓу половина милијарда и милијарда луѓе ширум светот. Тоа го соопшти невладината организација Меѓународен комитет за спасување, јави Би-Би-Си.

Меѓународниот одбор за спасување (ИРЦ) предупредува дека е потребна хуманитарна и финансиска помош за да се забави ширењето на вирусот.

Организацијата тврди дека на „кревките држави“ како Авганистан и Сирија им требаат „итни средства“ за да избегнат голема епидемија таму. Извештајот, заснован врз модели и податоци од Светската здравствена организација и лондонскиот Империјален колеџ, проценува дека може да има меѓу 500 и една милијарда заразени ширум светот, јави Би-Би-Си.

Се додава дека во низата нестабилни држави или држави погодени од судири може да има над три милиони смртни случаи.

– Тие бројки треба да бидат повик за будење, вели шефот на ИРЦ, Дејвид Милибанд, кој е поранешен британски министер за надворешни работи.