Република Ирска го одложи отворањето на баровите и ноќни клубоиви за три недели односно до 10 август, бидејќи постои загриженост од пораст на бројот на инфицирани лица со Ковид-19 помеѓу младите, изјави ирскиот премиер Микел Мартин.
Ирска на 20 јули требаше да влезе во четвртата, завршна фаза од рестриктивните мерки – отоворање на баровите и ноќните клубови и да дозволи собири до сто лица во затворен простор.
Мартин додаде и дека Владата ќе нареди носење маски во сите продавници, како и дека останува во сила препораката да не се патува во странство.