Ирскиот вицепремиер ги повика денеска граѓаните да не купуваат во големи количини лекарства пред напуштањето на Велика Британија на Европската унија. Тој нагласи дека Ирска има залихи за најмалку осум месеци и ќе обезбеди увоз од другиу држави од ЕУ.
И покрај големата своја фармацевтска индустрија, Ирска се потпира за многу лекарства на Велика Британија.
-Некои од нив може да не бидат одобрени за употреба во ЕУ ако Велика Британија ја напушти ЕУ на 29 март без договор, изјави Сајмнон Ковини за радиото Ар-Ти-И.
– фармацевтите и луѓето не треба да се снабдуваат самите со залихи од лекарства бидејќи тоа значи и проблеми со доставувањата лекови, додаде тој. Ковин нагласи дека државата има залихи за 8 до 12 месеца.