Три штитеници од два дома исчезнале последниве два дена, соопшти МВР.
Синоќа околу 20 часот воспитувач во Домот за деца без родители 11-ти Октомври, во Полициската станица Центар пријавил дека на 27 август во 19:30 часот од домот во непознат правец се оддалечила 17 годишна штитеничка на домот.
Исто така, вработен во ЈЗУ Ранка Милановиќ, завчера во 15:30 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на 26 август 2018 година од домот во непознат правец се оддалечиле нивни двајца штитеници на возраст од 12 и 13 години.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетниците.