Утрово е најдено безживотно тело на 16 годишно лице во реката Пена кај месноста Бањиче. По пријавувањето во полиција, почнат е увид од претставници на СВР Тетово и Обвинителството.
– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во местото викано Бањиче, каде во реката беше пронајдено безживотното тело на починатото 16-годишно лице. Станува збор за лице кое неколку дена било пријавено за исчезнато. Јавниот обвинител издаде наредба за прибирање на сите траги и докази со цел да се утврдат причините за смртта, соопштија од прес службата на Јавното обвинителство.
Обвинителот издал наредба и за обдукција на телото на починатиот.