Веќе 12 ден нема ни трага ни глас од Марија Брзакова од струмичко Босилово, која е бремена и мајка на 3-годишно дете.
Таа во моментот на исчезнувањето била во вториот месец од бременоста, пишува на апелот за помош што е објавен на социјалните мрежи, што се споделува заедно со нејзината фотографија.
– Ќерката ја бара мајката од 18 јануари. Молиме за помош, пишува во апелот од семејството под кој е оставен и телефонскиот број за контакт.
Сите што можат да помогнат со некаква информација тоа може да го сторат и на телефон или во најблиската полициска станица.