Постојаната кашлица е карактеристичен симптом на бактериски или вирусни респираторни инфекции, кои се придружени со густа секреција во грлото, синусите и белите дробови, која е залепена на ѕидовите на бронхиите и е многу тешко да се исфрли.
Во написот подолу, ви презентираме неколку решенија за тоа како природно да извадите шлајм од белите дробови.
Рецепти за природни лекови
Ако во мачи шлајм во грлото и белите дробови, фитотерапевтите препорачуваат пијалаци базирани на билки кои го поттикнуваат исфрлањето на шлајм и ја олеснуваат постојаната кашлица. За да се отстрани густиот и акумулиран секрет, се користат пијалоци на база на бел слез, жалфија, ловор и црна ротквица.
Бел слез за исфрлање на шлајм кај возрасни
Прелијте лажица иситнет бел слез со 2 дл ладна вода и оставете го покриен 6 до 8 часа, а потоа процедете го и пијте мали голтки. Вака подготвениот чај за искашлување шлајм, пијте го до двапати на ден без шеќер и резултатите нема да недостасуваат.
Бел слезв, лен и жалфија за исфрлање шлајм кај деца
Како исклучително ефикасен природен лек за подобро исфрлање на шлајм кај деца и возрасни, се покажа мешавина од бел слез ленено семе и жалфија.
Промешајте по една лажица бел слез, ленено семе и сушена жалфија. Истурете 2,5 децилитри вода во сад, а потоа додадете 100 гр жолт шеќер. Кога ќе се раствори шеќерот, додадете ја мешавината од билки и еден лимон добро измиен и исечен на парчиња. Ова гответе го на умерена температура 15 минути, па тргнете го садот. Земете лажичка сируп 4 пати на ден додека не се почувствува подобрување. Најдобро е да го чувате сирупот за искашлување во фрижидер.
Ротквица и црвен кромид
Како да исфрлите шлајм од белите дробови кај возрасни со црна ротквица и црвен кромид? Истурете во блендер 2,5 децилитри сок од лимон, една полна шолја мед, една кромид со средна големина исечен на парчиња, шест чешниња лук и една поголема црна ротквица, излупена и исечена.
Блендирајте се додека добиете фина хомогена смеса. Потоа, истурете ја смесата во стаклена тегла и ставете ја во фрижидер, па оставете да отстои една недела. Потоа, земајте го овој сируп три пати на ден и тоа по една лажица, 30 минути пред оброците.
Природни лекови за искашлување на шлајм од белите дробови и синуси
Шлајмот во грлото и белите дробови, како и густите секрети во синусите, честопати ни предизвикуваат големи проблеми во текот на зимата. Инхалација на синусите само со солена вода не е доволно за целосно да се ослободите од непријатниот секрет. Подолу се прикажани уште неколку прекрасни народни рецепти за исфрлање на шлајм.
Сируп од пиво и кафеав шеќер за искашлување на шлајм од грло
Во поголем сад, истурете 150 гр кафеав шеќер и загревајте го на умерена температура додека не се стопи и добие карамела боја, потоа додадете 5 децилитри пиво и варете 20 минути додека не се добие сируп со густина малку поретка од медот.
Извадете го садот од оган и оставете го покриен да се излади, а потоа сирупот за исфрлање на шлајм ставете го во соодветна стаклена тегла и чувајте го во фрижидер. Земајте по една супена лажица пред оброците три пати на ден.
Природен лек за искашлување на шлајм кај деца
Едно од решенијата за тоа како да се исфрли шлајм кај децата ни го нуди благиот чај од липа. Ако се користи неколку дена, ќе се ублажи кашлицата и ќе се забрза празнењето на акумулираните секрети.
Овој чај, исто така, го поттикнува потењето, што е важно во случај на грип и настинка. Секогаш се пие додека е топол наутро и навечер, а лесно може да се подготви:
Две мали супени лажички цвет од липа се преливаат со 5 дл врела вода и се остава да отстои 20 минути, а потоа добро процедете го. Засладете го чајот со квалитетен мед, додадете многу сок од лимон и земајте една лажичка секој пат кога ќе почувствувате иритирачка кашлица.
Како да се ослободите од упорна кашлица – рецепт
Во неоштетен емајлиран сад истурете три лажици ленено семе и 5 децилитри вода и гответе на умерена температура 10 минути. Потоа додадете лажица исушена мајчина душичка и оставете го покриен уште 20 минути. Потоа исцедете и пијте една голтка подгреан чај неколку пати на ден.