Три лица во Скопје пријавиле дека биле искасани од кучиња во текот на вчерашниот ден, соопшти МВР во својот билтен.
Меѓу искасаните е и дете кое било нападнат во училишен двор.
– Во 09.30 часот во Полициската станица Центар Ф.Х.(47) од Скопје пријавила дека на бул. Мајка Тереза била касната од куче скитник. Во 17.00 часот во Полициската станица Аеродром С.Ш.(43) од Скопје пријавила дека во кругот од основно училиште на подрачјето на Аеродром нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Во 19.00 часот во Полициското одделение Петровец В.А.(49) од Скопје пријавила дека во с.Ржаничино била касната од куче скитник, објави МВР во својот билтен.
И вчера беа пријавени три каснувања од кучиња во текот на претходниот ден, а тоа се повторува речиси секојдневно.