Искра Коровешовска е преку Фејсбук соопшти дека е новиот главен уредник на ТВ Алфа:
„Од денеска мојата улога е одговорноста за вестите на Алфа телевизија. Главна да, но и најодговорни улога. Алфа има тим на луѓе кои вредат колку повеќе медиуми во едно, фантастични, професионални новинари! Сигурна сум ќе функционираме како тим – семејство кое ќе руши рекорди на гледаност! Алфа, тоа сме ние“, напиша Коровешовска.
Неодамна режисерот Јани Бојаџи беше именуван за директор на телевизјата, на местото на Васко Ефтов. Досегашен главен уредник на Алфа беше Анастасија Богданоска.