Искра Лоренс, една оние кои ги нарекуваат „полнички манекенки“ има свој предлог околу што треба да облечете за на плажа ова лето.
Едноделен костим за капење, во изразено розова боја, со остри рабови – е она што Искра ќе го носи наредниве месеци. Таа објави и фотографија од себе, за да го илустрира тоа, а нејзините следачи се недвосмислено одушевени.