Актуелниот претседател на Исланд, Гудни Јоханесон повторно е избран на таа позиција со дури 92,2 проценти од гласовите, јавуваат локалните медиуми.
Неговиот ривал, бизнисменот и политичар Гудмундур Франклин Џонсон освои 7,8 проценти од гласовите.
Одѕивот на гласачите беше 66,9 проценти, односно гласаа 168.821 гласачи.
Јоханесон (48) победи на претседателските избори во 2016 година, станувајќи најмладиот претседател на Исланд.
За време на мандатот на неговото претседателство, тој ја започна постапката за промена на уставот, што треба да биде финализирана до 2025 година.