Милевска, која, додека пишуваше јавни објави на латиница и притоа 10 години уживаше во привилегиите во Брисел како дописничка на МИА, сега патетиша демек ја избркале поради тоа што се „побунила“ за македонскиот јазик?! – коментира советникот од Левица Реџеп Исмаил за случајот со новинарката Тања Милевска.
– Не бе сестре, те шутнаа пошто Бујар (Османи з.н) сака да си стави некој од трлото. А ти како дописничка на државната агенција во Брисел, имаше 10 години да покажеш дека ги застапуваш државните интереси на македонскиот народ, ама не, ти беше за Охридски, Преспански, етничка поделба на локалната самоуправа, коалиција со агресорите ДУИ, Бугарски и многу други договори и преговори со факинг Брисел, е сега сакаш тој истиот народ да те брани – епа не, ќе ти се сити, ами како?!, пишува Исмаил на својо тпрофил на Фејсбук.
Милевска е долго време дописничка на државната агенција од Брисел, поддржувач на тн. шарена револуција и власта која дојде на шарените крилја. Судирот со власта која ја поддржуваше доаѓа откако е објавено дека се укинуваат дописништава.