Кулата во Слупчане е акт кој, не само што ги подгрева меѓуетничките односи, туку истиот, поради фактот што тој не може никако да се поима освен како „брцање прст во рана“, кое се плашам дека е доказ за веќе „набилданата“ (свесно и со умисла преку политики како резултат на ОРД) состојба на непремостливи контрадикции помеѓу Албанците и дел од останатиот народ во Македонија.

Ова го истакнува Реџеп Исмаил во неговата реакција на Фејсбук, во врска со вчерашното отворање на споменикот во Слупчане за кој лидерот на ДУИ и министрите од неговата партија го убедуваат народот дека е „обединувачки чин“.

– Запрепастува и фактот на апсолутен молк и игнорантност од поединци со интегритет и мудрост, условно речено, од албанската страна, кои ќе укажат на ваквата глупост, од епски размери и кусогледност со катастрофални последици по животот во иста заедница. Ако ништо друго барем ќе го спречи процесот на ширењето на национализмот (кој се граничи со фашизам) по целото албанско милје, токму со ваквите постапки на ДУИ, секогаш кога нема што да понуди па со нови трибалистички политики и идеи ја храни поделбата и нетрпеливоста. А „прогресивниве граѓани на нашата земја“ продолжуваат да се однесуваат како да ДУИ и општо албанските партии и политики не се дел од Македонија, тие никако да најдат лакмус за нив, како што ги ловат другите. За волја на вистината за она што е неодбранливо тие само молчат, потполна тишина. Ама ако, како беше она: злото денес по мене ама утре ќе дојде и по вас…- вели во својата објава Исмаил.

Тој на крајот додава: За естетската и економска оправданост и воопшто не вреди да се расправа…