Државниот испит за вработување во јавната администрација отсега ќе се полага и на албански јазик. Ова го најави министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, објави Алсат. Тој рече дека ова е важен чекор за јазичната разновидност. Алиу не кажа дали тестирањето на албански јазик ќе ја спречи злоупотребата на етничката припадност при вработувањето.
„Користењето на мајчиниот јазик на испитот за администрација ќе им овозможи на нашите граѓани целосно да ги разберат прашањата и информациите дадени на испитот преку подобрување на способноста за правилно и точно одговарање. Преводот на прашањата на албански јазик обезбедува еднакви можности и ја одразува нашата почит кон јазичната разновидност во земјата. Тоа беше наша заложба што ја реализиравме за многу кратко време“, рече Алиу.