Денеска (01.08.2024) е исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР, објави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на неговиот Фејсбук профил.
Поединечниот износ на бонус платата изнесува 36.614 денари. Бонус платата е исплатена на вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2023 година, напиша министерот Тошковски.