Исповед на таткото, кој фрли четири деца од тераса: Ги сакав тие деца

/ 02.03.2019

Шокантно сведоштво на таткото – монструм, кој пред два дена ги фрли четирите деца од тераса на островот Паг.

Иако 54-годишниот Јосип Роџак досега се бранел со молчење за време на сослушувањата, вчера, како што пренесува вечери лист, проговорил и ги вџашил хрватските власти.

-Јас многу ги сакам тие деца. Секогаш се грижам за нив и ги хранам. Дури на сите им купив и мобилни телефони и постојано играат игри. Кога неодамна ми беше речено дека треба да се иселам со децата од куќата, се скршив и од тогаш не спиев со денови.Не знам што ми се случи и зошто го направив тоа, изјавил роџак, кој е во 30-дневен притвор.

Нему му се заканува максимална казна од 50 години затвор, ако биде прогласен за пресметлив.

Едно до четирите деца се уште е во критична состојба, а останатите три се надвор од животна опасност.


Од истата категорија