Додека Флорида се подготвува да биде погодена од еден од најсилните урагани досега, ураганот Милтон, снимките од крајбрежните области, кои се очекува да бидат први погодени, покажуваат дека повеќето ги послушале наредбите за евакуација.
Воздушните снимки покажуваат дека градот Treasure Island на Флорида стана „град на духови“, улиците се празни, нема луѓе и автомобили.
Се очекува ураганот да стигне на копното во заливот Тампа, Флорида, во текот на ноќта помеѓу 02:00 и 8:00 часот (од 08:00 до 14:00 часот во четврток, EST).
Милиони луѓе се евакуирани, додека властите предупредуваат дека секој што ќе остане во своите домови најверојатно ќе умре.
Heartbreaking aerial footage of Treasure Island shows a once vibrant city still reeling from the devastating impacts of #HurricaneHelene , now a ghost town as #Hurricane #Milton takes aim#HurricanMiltonpic.twitter.com/CdLWWMK9wR
— BlueGreen Planet (@De_le_Vega) October 9, 2024