Според Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско, „спасителот” од стареење е женскиот хормон естроген. Според статистиката, жените во просек живеат пет отсто подолго од мажите, објави „Дејли Мејл“.
Женските теломери (завршетоци од хромозомите кои се сметаат за признак за природната старост), по правило се подолги од машките. Новите податоци покажуваат дека естрогенот ја стимулира активноста на ензим којшто придонесува за продолжување на теломерите и, следствено, за продолжување на животот.
Важна улога тука имаат и алкохолот и цигарите, но и генетиката. Човечката ДНК содржи 23 пара хромозоми. Теломерите кои се наоѓаат на самите краеви на хромозомот имаат заштитна функција, особено при обновување на клетките.
Со тек на времето, теломерите се скратуваат и тоа се одразува на состојбата на целиот организам – на крајот клетките почнуваат да умират.
Новите сознанија говорат дека должината на теломерите е поврзана со естрогенот, кој кај жените го има во поголеми количества.