Спасувачите денеска извлекоа петгодишно девојче и деветгодишно момче од под урнатините на осумкатницата која вчера се урна во Истанбул.
Девојчето Хава Текгоз е спасено откако 18 часа помина под урнатините. Во текот на изминатата ноќ спасено е и едно деветогодично момче. Во несреќата загинаа најмалку три лица, а 13 луѓе се спасени.
Засега не е познато уште колку луѓе се заглавени под урнатините на зградата која се наоѓа во населбата Картал. Според последните информации, во зградата имало 14 станови во кои живееле 43 лица.
Причината за уривањето е предмет на истрага, а властите наведуваат дека последните три ката биле нелегално изградени.