Министерот за животна средина и просторно плнирање Садула Дураки, денеска и утре присуствува на Меѓународната конференција за заштита на животната средина насловена „Борба против глобалните климатски промени и зајакнување на меѓународната соработка во управувањето со отпадот“ што се одржува во Истанбул.
Дураки во поздравното обраќање на Конференцијата ја истакна важноста на темата за сите земји во регионот и на глобално ниво, нагласувајќи дека очекува претставниците на земјите учеснички да ја споделат својата административна и оперативна експертиза и да создадат добра клима за нови потенцијални проекти и нови можности за инвестирање во практично применливи решенија за управување со отпадот со кои воедно ќе ги исполниме и глобалните цели за справување со климатските промени.
Целта на конферецијата е да се споделат знаењата, искуствата и успесите за рециклирање, обновување и повторна употреба во различни текови на отпад и да се дадат економски оценки, инвестициски можности и средства за поддршка од меѓународните кооперации.
На конференцијата присуствуваат голем број владини и општински функционери, академици, менаџери на највисоко ниво и извршни директори на компании за управување со отпад од земјите од Балканот.