Летовите беа обновени денеска од аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул, каде авион вчера излета од пистата. Во инцидентот загинаа три лица, а десетици се повредени.
Аеродромските активности продолжија утрово иако се уште има одложувања и откажувања на летовите.
Боинг 737 на приватната компанија Пегасус вчера по приземјување при пороен дожд и силен ветар излета од пистата.
Во авионот имаше 177 патници и екипаж од шест луѓе. Меѓу патниците имало 22 странци од 12 држави.