На 24 јуни Турција излегува на две клучни гласања: ќе избираат претседател, најверојатно во два круга, а ќе избираат и членови на парламентот, нешто што претходно се нема случено. И двата избора се спроведуваат 16 месеци порано и тие ќе бидат одржани во време на воена состојба и во период кога турската лира бележи драматичен пад во однос на еврото и доларот.
Новиот претседател ќе има и нови пошироки овластувања, зашто според уставните измени се укинува функцијата премиер.
Сите анкети недвосмилено кажуваат дека сигурен победник е Реџеп Таип Ердоган, но еден противкандидат му ги поматува сметките – социјалдемократот Мухарем Инце.
Турските држвјани во странство од денес почнаа да гласаат. Гласањето почна на аеродромите и на граничните премини во Турција, како и во дипломатските мисии на оваа земја во 60 држави. Гласачкиот процес за граѓаните кои живеат во странство се завршува на 19 јуни. Право на глас имаат 3 милиони Турци кои живеат во странство, од кои речиси половината се во Германија, каде гласачки места се отворени во 13 градови.
Ројтерс вчера објави анкета според која од 3.000 испитаници во 81 провинција Ердоган добил поддршка од 48,3 проценти во првиот круг, додека канидатот на главната опзициска партија, Мухарем Инце 31,4 проценти. Во вториот круг 53 проценти рекле дека ќе гласаат за Ердоган.
Што се однесува до парламентарните избори, владејачката АКП има поддршка од 42,2 проценти, доека нивниот коалициси партнер Републиканската народна партија, МХП се очекува да придодадат кон изборното конто уште 7,1 процент.
Главната опозициска партија ЦХП не заостанува многу, ја има поддршката од 39,5 проценти, додека прокурдската ХДП може да добие 10 проценти од гласовите. Токму оваа партија може на крај да решава кој ќе има парламентарно мнозинство.
Во едно интервју објавено неоамна во германски „Билд“ Инце вцели дека е „личност која верува во демократија, додека Ердоган е човек кој ја користи демократијата за негови лични идеолошки цели…за 16 години тој направи се што можеше за да ја уништи Турција“. Негова визија е да ја види Турција во ЕУ.
Во својот изборен манисфет, пак, Ердоган се осврна на досегашните успеси и битки, а ја зацрта и визијата на земјата. Според Ердоган и АКП, Турција влегува во период на развој токму заради претседателскиот систем. Актулениот претседател ветува економски развој, благосостојба, правда, солобода, а Турција ја гледа како глобална сила.