Дали во финасиската полиција се отворени голем број на предмети со анонимен пријавувач и како се затворени – ова се дел од одговорите кои треба да ги даде предистрагата на обвинителството за организиран криминал која пред неколку дена почна со претрес во институцијата која треба да се бори со финансиски криминал, дознава Телма.
Според нивните извори, кривичната пријава од група граѓани по која постапува обвинителството за организиран криминал напишале дека финансиската полиција отворала фиктивни истраги од непостоечки пријавувачи против осомничени кои имале фирми.
Пријавите се заведувале како анонимни,а осомничените учествувале и морале да соработуваат во фиктивните истраги, кои подоцна биле затворани- се сомневањата на анонимната пријава до обвинителството за гонење организиран криминал.
Директорот на Управата за финасиската полиција Арафат Муареми не одговори на повиците и обидите да се дознае што се случува во институцијата што ја раководи.