Според најновите истражувања, Копенхаген е прогласен за најдобар град за живот за Европејците.
На второ место се наоѓа Берн во Швајцарија, а третото место го делат Женава и Хаг.
Градовите во Скандинавија, Холандија и Швајцарија доминираат во топ 20 градови за европските емигранти, покажуваат податоците на консултантската куќа ЕЦА Интернешнал.
Единбург е единствениот британски град меѓу 20-те најдобри, а Абердин се наоѓа на 21 место.
Даблин и оваа година се наоѓа меѓу првите десет градови, делејќи го деветото место со Гетеборг и Луксембург.
Надвор од Европа, високо се рангирани градовите во Канада, како и Канбера во Австралија и Велингтон во Нов Зеланд, додека Сингапур е единствен азиски град кој се наоѓа на листата на топ 100 градови најдобри за живот.