Еден од пет смртни случаи во светот е поврзан со нездравата исхрана, покажаа резултатите од истражувањето објавени во медицинскиот весник Ланцет.
Единаесет милиони смртни случаи ширум светот во 2017 година се поврзува со луѓе кои јаделе храна богата со шеќер, сол и преработено месо, што придонесува за срцеви заболувања, рак и дијабетес.
Истражувањето, објавено во медицинскиот весник Лансет, откри дека меѓу 195 испитани земји, бројот на смртни случаи поврзани со исхраната бил најголем во Узбекистан, а најмал во Израел.
Потрошувачката на здравите производи, како што се јаткастите плодови и семки, млеко и цели житарки, во просек е многу ниска, а луѓето консумираат премногу слатки пијалаци и премногу обработено месо и соли. Тоа довело до поврзување на секој петти во 2017 година со лоша исхрана.
Истражувањето на „Global Burden of Disease“ ги следело трендовите на потрошувачката на 15 прехранбени производи во периодот од 1990 до 2017 година. Крис Мареј, директор на Институтот за мерење и проценка на здравјето на Универзитетот во Вашингтон, кој го водел истражувањето, вели дека тоа го потврдува она што многумина мислеле неколку години.
„Лошата исхрана е одговорна за повеќе смртни случаи, отколку кој било друг ризик во светот”, рече тој.