По примањето на прва доза на вакцина против Ковид-19 можноста за инфекција е намалена за дури две третина, како и дека една доза од вакцината е доволна за 74 проценти да исчезнат симптомите ако лицето е веќе инфицирано, се наведува во истражувањето на англискиот Институт за јавно здравство.
Резултатите од истражувањето ги објави британски Гардијан, нагласувајќи дека инфекцијата е можна по првата доза, но дека најверојатно во тој случај вирусот нема да се пренесува на други.
– Луѓето кои примија една доза од вакцината на Фајзер или на Астра Зенека, а се заразија најмалку три недели подоцна, имаат помала шанса од 38 до 49 проценти да го пренесат вирусот на луѓето со кои живеат. Што не може да се каже за невакцинирани граѓани, се истакнува во студијата.
Со истражувањето биле опфатени повеќе од 57.000 луѓе односно 24.000 домаќинства.
Претходните истражувања покажаа дека вакцините на Фајзер и на Астра Зенека се многу ефикасни во спречување на инфекцијата, како и хоспитализација на инфицираните, а најновото истражување покажува дека го запираат ширењето на Ковид-19.
Како дел од истата студија, се покажа дека по втората доза на вакцина Фајзер, симптомите од инфекцијата се намалени за 90 проценти, а асимптоматските лучаи за 70 отсто.
Кај помладите луѓе, првата доза од вакцината го зголемува бројот на антитела како да ја прележеле болеста, додека кај постарите луѓе тоа се случува по втората доза.