Ако се плашите од прекумерна тежина, добра вест е тоа што вие не мора да јадете, доволно е само да помирисате.

Студија спроведена на Универзитетот во Питсбург покажа дека пушачите, дури и ако тие не планирале да престанат со пушењето, ја намалиле потребата за цигари за 23 отсто откако го вдишувале својот омилен мирис како чоколадо, ванила или мента. За споредба, испитаниците кои мирисале тутун или неутрален мирис, ја намалиле потребата за цигари за само 14 проценти.

Истражувањето исто така покажало дека половина од луѓето кои решаваат да престанат со пушење, потклекнуваат по само две недели, а само четири проценти од луѓето издржале повеќе од една година.

Ова истражување било спроведено на 232 пушачи кои мирисале и морале да го оценат нивото на пријатни, непријатни и неутрален мирис, а резултатите покажале дека пријатните мириси помагаат да се намали потребата за цигара, иако научниците се уште не се откриле која е точната причина за тоа.