Истражувањето спроведено меѓу граѓаните на 13 земји членки на НАТО, покажа дека во просек околу 60 отсто од испитаниците имаат позитивен став кон оваа западна воена алијанса, објави денеска истражувачкиот центар Пју.
Резултатите од истражувањето беа објавени во пресрет на самитот на НАТО, кој се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон, во многу предизвикувачки период за 75-годишната на западната воена алијанса.
Триесет и две земји-членки на НАТО ги прилагодуваат своите долгорочни планови и стратегии за да се спротивстават на рускиот претседател Владимир Путин и да одговорат на барањата на Украина во борбата против инвазијата на руските сили.
Од друга страна, повторната кандидатура на Доналд Трамп за претседател на САД, човек кој зборуваше многу критички за сојузниците во НАТО и со восхит кон рускиот претседател Владимир Путин, ги загрижува некои земји-членки на Алијансата во однос на идната посветеност на САД, најсилната армија и економија во НАТО.
Поддршката за НАТО меѓу 13-те земји каде што беше спроведено истражувањето беше најголема во Полска со 91 отсто, потоа Холандија со 75 отсто и Шведска со 72 отсто. Полска и Шведска се соседи со Русија. Шведска има поморска граница со неа, а Полска има граница со руската енклава Калининград. Шведска е најновата членка на Алијансата, на која и официјално се приклучи оваа година . Ја промени својата неутрална политика и побара членство по почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.
Сепак, само 37 отсто од возрасните во Грција велат дека го поддржуваат НАТО, што е најниско меѓу анкетираните земји, додека 59 отсто рекле дека имаат неповолен став за алијансата.
Истражувањето покажа дека 63 отсто од луѓето во Канада гледаат позитивно на НАТО, 66 отсто во Британија, 64 отсто во Германија, 63 отсто во Унгарија, 60 отсто во Италија, 54 отсто во Франција, 45 отсто во Шпанија и 42 отсто во Турција.
Кога станува збор за Турција, таа е речиси двојно поголема поддршка за НАТО, отколку претходната анкета во таа земја, спроведена во 2019 година.
Центарот претходно објави резултати од САД, каде 58 отсто од испитаниците го поддржуваат НАТО.
natoАнкетата е спроведена од почетокот на јануари до средината на мај.