Студијата на Медицинскиот универзитет во Гетинген и Институтот за истражување на приматите, покажува дека омикрон варијантата на Ковид-19, која моментално се шири со голема брзина во Европа, е отпорна на антитела.
Утврдено е дека антителата на излекуваните лица од коронавирус не ја спречуваат инфекцијата со сојот омикрон.
Освен тоа, дури и по примањето на две дози од вакцината на Фајзер/Бионтек, создадените антитела покажале многу помала ефикасност против омикрон отколку против сојот делта.
Меѓутоа, тројната вакцинација со Фајзер/Бионтек, како и комбинација на вакцината на Астра Зенека и на Фајзер/Бионтек обезбедува поголема заштита.
– Нашето истражување покажува дека терапијата со антитела против ковид-19 мора подобро да се прилагоди на сојот омикрон, изјави авторот на студијата Штефан Полман.